„Европскиот фронт“ поднесува интерпелации за Меџити, Тошковски, Исени и Стоилковиќ

од Nikola Popovski
12 прегледи

Коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ, вели дека никогаш не биле против одржување на лидерска средба, но важно е да се утврди форматот во која би се реализирала. Појаснуваат дека начелно немаат ништо против, но треба да се дефинира кои лидери и претставници на партии би присуствувале.

Ова беше искажано на денешната прес-конференција во Собранието, на која пратениците на опозициската коалиција соопштија дека поднеле интерпелација за првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, неговиот заменик Астрит Исени и министерот и еден од вицепремиерите, Иван Стоилковиќ. Координаторот на пратеничката група, Блерим Беџети информира дека во барањата се објаснети причините за интерпелациите, а нагласи дека за меѓуетничките односи е одговорен Меџити и го обвини дека не ги заштитил правата на Албанците.

Беџети рече и дека Владата подготвува сценарија за дестабилизација бидејќи, како што рече, не успеала да ја одведе државата кон ЕУ. Тој ги повика и граѓаните да не бидат предмет на провокации.

„Албанците беа и остануваат столбот на државата, ние бевме силата што ја турна земјата напред кон евроатлантските интеграции. Ги повикуваме Албанците да останат смирени и да не станат плен на провокации“, рече меѓу другото Беџети.

Слични содржини