Европскиот фронт предлага Резолуција за хуманитарната криза во Газа

од Nikola Popovski
67 прегледи

Пратеникот од редовите на коалицијата Европски фронт, Скендер Реџепи денеска истакна дека хуманитарната криза во Газа останува еден од најголемите проблеми во современиот свет, и покрај новиот конфликт меѓу Израел и Иран. Согласно тоа, ЕФ до Собранието поднел предлог-резолуција за хуманитарната криза.

Пратеникот информира дека се осудува хуманитарната блокада од Израел врз појасот Газа. Итно се бара од Израел да овозможи влез на хуманитарната помош, храна, медицински средства и логистичка поддршка за цивилите во Газа.

-Изразуваме длабока солидарност со палестинското население. Потсетуваме дека секој човечки живот има своја вредност без разлика од каде доаѓа. Имаме морална обврска и ги повикуваме ОН, ЕУ и Исламската конференција за да извршат притисок врз Израел за прекин на хуманитарната блокада. Исто така очекуваме и Владата да изврши дипломатски притисок врз Израел, кажа Реџепи Зејд на прес-конференција во Собранието.