„Европскиот фронт“ тврди дека ниту една влада не може да го раскине Договорот со „Бехтел и Енка“

од Nikola Popovski
698 прегледи

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ тврди дека ниту една влада не може да го раскине Договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за Коридорите 8 и 10Д. Децидни се дека раскинувањето на договорот е неприфатлив и невозможен чин.

-Оценуваме дека ваквиот став е обид да се минимизира големата работа и најголемиот проект во историјата на државата што досега прогресивната и проевропската Влада го реализираше. Договорот со Бехтел и Енка е потпишан според сите законски одредби, коректен е од секој аспект и никој не може да ја оцрни неговата содржинска исправност и бенефитот што неговата реализација и го носи на државата. Јавно прашуваме, дали е ист ставот против Коридорот 8 и на албанската опозиција „Вреди”, губитниците на парламентарните и претседателските избори. Досега во овие неколку дена не нарекоа „македонски албанци“, рекоа дека нема уставни измени, дека нема европска перспектива, дека Охридскиот договор ќе биде суспендиран и дека опозицијата што ги изгуби изборите нема ниеден услов за формирање на идната Влада. Дали и лидерите на албанската опозиција ги делат овие ставови, порачаа од „Европскиот фронт“.

Идниот мандатар на новата влада, Христијан Мицкоски вчера соопшти дека за договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции – да се раскине или да се репреговара.

-Едната е да се раскине договорот и да се оди на арбитража, да платиме стотици милиони евра и да немаме автопат, а втората е да се оптимизира договорот за што веќе имаме почетни разговори, со што би се забрзал и реализирал проектот. Ние сме повеќе за прагматичниот пристап, граѓаните да добијат автопат, но оптимиран, но ваков каков што е, потпишан од оваа влада, за жал, е во одерена мерка неприменлив поради големите правни проблеми, проблеми со експропријација и технички проблеми. Мојата порака е дека како идна влада сакаме да градиме, а не да рушиме, истакна Мицкоски.

 

Слични содржини