Европскиот и светски ,,Национален џез оркестар“ во Тирана

од Nikola Popovski
141 прегледи

Македонскиот Културно Информативен центар вчеравечер пред тиранската публика го претстави нашиот ,,Национален џез оркестар,,

Веднаш после нивниот брилијантен настап, господинот Бесим Петрела, директор на Albania jazz fest,, возбуден од нивниот настап кажа: Ова се генијални, генијални музичари. Бескрајно благодарам на соработката со македонскиот центар, благодарам што овие прекрасни музичари вечерва свиреа во нашиот град.

Ова беше прво претставување на оркестарот, надвор од Македонија, кое предизвика бура од воодушевување. Оркестарот во својот репертоар има различни стилови, почнувајки од класичен џез, преку свинг, би бап, па се до композиции од ,,Леб и Сол,,

Родена е една нова генерација млади  музичари, кои суверено владеат со сцената, својте инструменти и музиката. Свират со неверојатна леснотија, духовито и мајсторски. На моменти ви се чини како да се наоѓате пред оркестар кој постои десетици години, иако од неговото формирање до денес, нема поминато ниту една година.

Вчерашниот нивни настап на ,,Аlbania jazz fest,, ја покажа сета смисла на нивното формирање и работа. Во преполна сала на Академијата за уметност во Тирана, публиката ги испрати со неколкуминутен аплауз и два пати барање, музичарите да се вратат на сцена.

Културно Информативниот центар во Тирана, најавува за 16 ти мај 2024 претставување на ,,Џамбо Агушеви оркестар,, на фестивалот ,,Clouds,, во Тирана.

Слични содржини