116
Европскиот суд за човекови права донесе пресуда против Грција во случајот со потонувањето на бродот со мигранти во Егејското Море во 2014 година, јавува „Анадолија“.
Случајот „Сафи и другите против Грција“ беше изнесен пред Европскиот суд за човекови права во јануари 2015 година, една година откако 11 од 27-те мигранти се удавија кога нивниот брод потона во водите на Егејското Море кај островот Фармаконисија.
„Судот утврди дека има пропусти во постапката и заклучи дека државните органи не спровеле темелна и ефикасна истрага која би можела да ги расветли околностите во кои потонал бродот“, се наведува во образложението на пресудата.