Европските берзи денеска се збогуваат со 2023 година, цената на нафтата и златото РАСТЕ

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Европските берзи денеска се збогуваат со 2023 година, а повеќето главни индекси се во пораст, како и цените на нафтата и златото.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 16.746,68 поени, лондонски FTSE 100 на 7.735,14 поени, француски CAC 40 на 7.563,48 поени, а московски MOEX падна на 3.088,9 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones скокна на 37.710,10 поени, како и на индексот S&P 500 на 4.783,35 поени, додека вредноста на индексот Nasdaq изнесува 15.095,14 поени.

Слични содржини