Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт

од desk2
134 прегледи

Европската партија на Зелените објави соопштение за бегството на Никола Груевски во Унгарија и обвинува дека Орбан сака да испровоцира конфликт.


– Премиерот Орбан е гение кога станува збор за наоѓање нови начини да се травестира владеењето на правото, неговиот последен „успех“ е да прими политички криминалец од соседна Македонија како бегалец, спротивно со антибегалските закони кои самиот ги воведе, пишува во соопштението потпишано од потпретседателот Рајнхард Бутикофер и Моника Фрасони.

Тие го осудија и портпаролот на Орбан за изјава во која го нарекол Зоран Заев „кукла на Сорос“.

Зелените силно го критикуваат „цинизмот и провокативниот однос кои можат да бидат толкувани само како обид да се создадат тензии на Балканот и да се распалат конфликти со кои ЕУ и македонската Влада макотрпно се обидуваат да се справат на инклузивен, праведен и културен начин“.

– Никој нема бенефит од извонредното однесување на господинот Орбан, освен рускиот претседател Путин кој е ужаснат од секој чекор кој го прави македонската нација кон вклучување во евроатлантската заедница. Русија се обиде директно да се вмеша во Македонија и Грција но безуспешно до сега. Срамно е членка на политичката фамилија на ЕПП да игра во антиевропска екипа, додаваат тие.

Унгарскиот европратеник од Зелените, Бенедек Јавор, кој вчера во интервју за МИА ги образложи можните сценарија на владата на Орбан во случајот со Груевски, во соопштението итно ги повикува унгарските власти да ја разјаснат својата позиција, да соработуваат со македонските власти и најбрзо што можат да го вратат Груевски назад.

-Унгарија не смее да помага никому кој сака да избегне правни последици за своите злодела и треба да испрати порака до Македонија како земја кандидат дека нема исклучоци и двојни стандарди во земја членка на ЕУ, тоа е минимумот за задржување на кредибилитетот на ЕУ кога очекува почитување на стандардите на владеењето на правото во Македонија, напиша Јавор.

Тој повика Унгарија да не им служи на руските интереси во регионот.

Слични содржини