Европското трио го посети Ирпин: Макрон го нарече „херојски град“

од Stefanija Kuzmanovska
239 прегледи

Тројцата европски лидери, кои денеска пристигнаа во Украина, го обиколија Ирпин, град во близина на Киев, кој беше окупиран од руските војници на почетокот на конфликтот.

Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги беа информирани за тоа што се случило во градот и што е досега направено за да се врати животот во нормала.

– Ова е херојски град, обележан со стигмата на варварството – изјави Макрон за новинарите.

Ирпин е на прагот на Киев, а на почетокот на март руските трупи, кои имаа намера да го освојат главниот град, го зазедоа градот.

Неговиот разурнат мост и преминувањето преку реката станаа меѓународно познати како ризична рута за бегство од соседна Буча, местото на многу наводни руски воени злосторства.

Во самиот Ирпин се пронајдени тела на 290 цивили.

Украинците ја обвинија Русија за воени злосторства на овие места, додека Русите од самиот почеток негираа дека целеле цивили.

Слични содржини