Евростат: 24,2% од децата во ЕУ се изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Во Европската Унија, 19,5 милиони деца биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост во 2024 година, што е за 0,6 проценти помалку во однос на претходната година, објави денес Евростат.

Статистичката служба на ЕУ наведува дека горенаведената бројка се однесува на 24,2 проценти од децата под 18 години.

Кога станува збор за земјите-членки на блокот, највисоки вредности кога станува збор за деца во ризик од сиромаштија или социјална исклученост се забележани во Бугарија (35,1 процент), Шпанија (34,6) и Романија (33,8).

Слични содржини