Евростат контра ВМРО-ДПМНЕ: Пописот и методологијата се во согласност со ЕУ законодавството

од Vladimir Zorba
439 прегледи

„Законот за попис и методологијата неодамна беа споделени со Евростат. Тие во повеќето аспекти се широко поврзани со релевантните стандарди дефинирани во статистичкото законодавство на Европската унија иако законодавството на ЕУ се уште не е обврзувачко за Северна Македонија како земја кандидат“, изјави за РСЕ Маргарида Карвало од канцеларијата за односи со јавноста на Евростат.

ВМРО-ДПМНЕ почна со акцијата за собирање потписи од граѓаните кои ги смета за поддршка на своите пратеници за да се обидат да го поништат Законот за попис.

Еден од главните аргументи на челниците на опозициската партија е дека пребројувањето на населението кое треба да се одржи од 1 до 21 април не е во согласност со критериумите и препораките на Евростат.

Слични содржини