Еврото јакна трети ден по ред

од Vladimir Zorba
113 прегледи

 Бизнис светот денеска

 

Лондон – Економијата на Еврозоната е на пат кон постигнување на најдобри резултати од почетокот на 2011 година. Финансиска компанија „ИХС Маркит“ соопшти дека нејзиниот индекс на набавки во економијата, кој ја мери деловната активност во производствениот и услужниот сектор за зоната на евротп, во ноември се зголемил на 57,5 поени, од 56 поени во претходниот месец. Секоја вредност над 50 укажува на раст, а сега овој индекс е на највисоко ниво од април 2011 година. Главниот економист на Маркит, Крис Вилијамс, рече дека „бизнисот цвета“и оти работни места се отвараат со највисока стапка од почетокот на милениумот.

Лондон/Њујорк – Еврото вчера зајакна трети ден по ред, откако најновата анкета меѓу европските компании укажа на подобрена перспективатна раст на Еврозоната. Еврото скокна за 0,2 отсто на 1,1844 долари, додека доларот се задржа на 111,21 јени.

Брисел – Европската унија би можела веќе следниот месец да ги стави Србија и Турција на „црната листа“ на даночни озаи. Во предлогот за проширување на листата се наоѓаат уште 36 земји, меѓу кои се и Ерменија и Куковите Остови, пренесува агенцијата „Блумберг“ наведувајќи дека имала увид во документите.

Брисел – Европската Унија ќе објави листа на приоритетни проекти за енергетска инфраструктура, со посебен акцент на подобро снабдување со електрична енергија. Акцент, исто така, ќе биде ставен на подобра интеграција на обновливите извори на енергија и обезбедување на помош за Ирска во процесот на Брегзит.

Подгорица – Министерството за одбрана на Црна Гора објави јавен повик за прибирање на понуди за продажба на околу 430 вишок моторни возила и приколки. Возилата и машините што се понудени на продажба се во сопственост на Армијата на Црна Гора. Во тендерската листа има кранови, приколки, полуприколки, вилушкари и многу други возила. Се продаваат и триесет електроагрегати, но и воени казани со различни капацитети.

Загреб – Хрватска е повторно во групата земји за кои Европската комисија смета дека е неопходно да се спроведе длабинска анализа за заканата од макроекономски нерамнотежи. Европската комисија спроведува длабинска анализа за да провери дали постои ризик од прекумерен дебаланс, објави Комисијата. Во средата Европската комисија го објави годишниот извештај за раст во ЕУ, Извештајот за предупредувачки механизам и Заедничкиот извештај за вработување.

Лондон – Велика Британија падна на листата на светски економии, и сега е на шесто место, веднаш зад Франција. Според британскиот весник „Индепендент“, за време на парламентарна дебата се истакнало дека Велика Британија падна на ранг-листата, и сега е на шестата позиција. Пред неа се САД, Кина, Јапонија, Германија и Франција.

Вашингтон – Компанијата „Епл“ призна дека ученици во кинески стручни училишта работеле на производство на делови за Ајфон во „Фокскон“ и тоа многу подолго од што е дозволено. „Фајненшпл такмс“ и претходно известуваше за тоа дека 3.000 ученици од Џенгџо, во централна Кина, работат и до 11 часа дневно за тајванската компанија „Фокскон“, иако, според кинескиот закон, се дозволени најмногу 40 часа неделно./МИА