Евровизија на удар на критики: „Силно ги осудуваме сите форми на дискриминација“

од Stefanija Kuzmanovska

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) била принудена да се изјасни против злоупотреба, закани и вознемирување насочени кон оние кои го организираат овогодинешниот Избор за песна на Евровизија.

Големото финале на музичкиот натпревар е за нешто повеќе од една недела, но се чини дека не сите му пристапуваат со вистинскиот дух.

„Силно ги осудуваме сите форми на дискриминација и сме згрозени од сериозните нивоа на злоупотреба на интернет насочени кон оние кои напорно работат на продукција на овогодинешното шоу“, се вели во соопштението на официјалниот профил на Евровизија на Твитер.

Додаваат дека секој што ќе ја премине границата на навредливо однесување веднаш ќе биде блокиран и пријавен, а „во сериозни случаи, ќе работиме со нашите партнери на социјалните медиуми на сите платформи за да ги пријавиме овие лица до релевантните локални власти“.

„Разбираме дека страста и љубовта кон Евросонг се длабоки и дека ЕБУ ја поттикнува слободата на говорот, но нашите уметници, тим и волонтери треба да бидат способни да ја завршат својата работа без насочена злоупотреба, закани и вознемирување“, се вели во соопштението.

„Натпреварот за песна на Евровизија е создаден за да изгради единство. Неговите вредности се инклузивноста, универзалноста и славењето на различностите преку музиката. Ги покануваме нашите онлајн следбеници и обожавателите на уметниците кои учествуваат на овогодинешниот натпревар да ги почитуваат тие вредности и сите оние учествуваат на настанот и разговараат за овогодинешното шоу на цивилизиран и почитуван начин“, апелираше тој на официјалниот Твитер профил на Евровизија.

Слични содржини