449
Македонската пејачка и претставничка на минатогодишната евровизија, Тамара Тодевска, на својот Твитер профил сподели со фановите дека е номинирана за најдобра песна во женска категорија на претстојните МАС награди.
„Proud е номинирана за Најдобра песна од женски изведувач на МАС наградите“, напиша Тамара на својот профил споделувајќи го линкот за гласање.
#Proud is nominated in the "Best Song by a Female Artist" category at the upcoming MAC Awards. You can cast your vote here:https://t.co/SwEEgHeDAm pic.twitter.com/2NvWIduKCI
— Tamara Todevska (@TamaraTodevska) December 21, 2019
Proud беше доста успешна песна и со неа го имавме најдобриот пласман на Евровизија. Останува да видиме дали Тамара ќе се закити со оваа награда.