Еврозоната е подготвена да деблокира 2 милијарди евра кои се ветени на Грција во замена на голем број реформи, како и 10 милијарди евра за рекапитализација на нејзините банки, објави претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум, цитиран од Франс прес.
Еврозоната е подготвена да го поддржи давањето транши и трансфер на потребните средства за рекапитализација на грчкиот банкарски сектор во вредност од 10 милијарди евра предвидени за целта, под услов Грција исполни мерките за кои се согласи со доверителите, додаде Дејселблум.
Утринава имало телеконферентен разговор на Европската работна група за разјаснување на мерките што Атина треба да ги преземе за да ја добие следната транша од доверителите.
Неколку часа порано Грција и нејзините кредитори успеаја да се договорат и особено по прашањето за одземање на недвижен имот, кој досега го блокира напредокот во дискусиите. Доверителите сакаа полесна заплена, а Атина инсистираше да продолжи да го брани мнозинството задолжени домаќинства.
