Од утре струјата поскапува за 9,48%, а дневната евтина тарифа веќе нема да има.
Но, останува евтина струја навечер и во недела. Според Бислимсоки, ако не се донесела одлука за укинување на дневната евтина тарифа, поскапувањето на струјата ќе беше 14,23 отсто.
„Во наредниот период ќе ја следиме состојбата, бидејќи сме увозна зависна земја. Цената на струјата ако е 1.500 денари, тогаш ќе се зголеми за 135 денари и ова беше најмногу што можеме да направиме, со цел да го одржиме секторот ликвиден и да им служиме на граѓаните. Штедевме некаде околу 5 проценти на месечно ниво. Комоцијата веќе ја немаме. Сега секторот не може да го издржи ударот да се изгубат 100.000 евра за еден ден. Реалното покачување е 9,48 проценти”, изјави Бислимоски.
По одлуката за скок на цената, над 7.500 домаќинства со ниски приходи ќе се помагаат финансиски. Следната година тие ќе добиваат намалени сметки за струја од 600 до 800 денари.
– Самците и домаќинствата со два члена кои имаат месечни примања до 18 илјади денарии домаќинствата со три члена со месечни примања до 21 000 денари ќе добиваат пониски сметки за 600 денари. Домаќинствата со четири членови со приходини до 25 000 денари и оние со пет и повеќе членови со месечни примања до 30 илјади денари ќе добиваат пониски сметкиз а стуја од 800 денари, Крешник Бектеши, министер за економија.
Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски вели дека со брзата реакција на Владата и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија спречен е ценовен шок за граѓаните,
По Нова година домаќинствата ќе се соочат со поскапување и на парното греење. Бектеши вели дека на маса се повеќе опции за тоа како да им се помогне на граѓаните кои го користат. Колку ќе биде поскапувањето ќе се знае денес.