Евзони отворен за сите патници

од Nikola Popovski
427 прегледи

Граничниот премин меѓу С. Македонија и Грција, Евзони од попладнево е отворен за сообраќај за сите патници, јавија грчките медиуми.

Според извештаите, нема гужва и сите што биле на границата брзо го преминале граничниот премин.

Случајното тестирање на патниците за вирусот корона сè уште трае.

Сите што одат кон Грција мора да имаат или потврда за вакцинација или зелен картон за вакцинација или ПЦР-тест не постар од 72 часа.

Она што е задолжително за преминување на границата е пополнување на PLF образец , што може да го преземете од веб-страницата на грчкото Министерство за туризам.

Сите податоци мора да бидат внесени во формулар и тоа најмалку 24 часа однапред.

Правилата не забрануваат движење освен дестинацијата што сте ја навеле. Може да се оди каде било во однос на мерките пропишани од грчката влада, се наведува во извештајот.

Слични содржини