Како што неофицијално дознава локално. мк, поништувањето на аболициите на Иванов се за следниве политичари замешани во истрагите на СЈО.
Ирена Мишева, претседателка на Советот на град Скопје
Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски
Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи
Љупчо Димовски, поранешен министер за земјоделство
Мартин Протуѓер, шеф на кабинет на бившиот премиер Никола Груевски
Мендух Тачи, претседател на ДПА
Бедредим Ибраими, член на ДИК од ДПА
Кирил Божиновски, генерален секретар на Владата
Никола Груевски, бивш премиер, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Тони Трајковски, градоначалник на Гази Баба
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Трајко Вељановски, претседател на Собранието
Коце Трајановски, градоначалник на град Скопје
Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на општина Центар
Даниелсон: Императив е да се повлече аболицијата, поткопувањето на СЈО е црвената линија за меѓ. заедница
Едмунд Темелко, градоначалник на Пустец, Р Албанија
Владимир Талевски, градоначалник на Битола
Бранко Палифров, вработен во општина Струмица
Бранко Црвенковски, поранешен претседател на СДСМ, претседател и премиер на Р Македонија
Исмет Гури, поранешен член на општинската изборна комисија на Чаир
Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК
Љупчо Тодоровски Радникот, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност
Зоран Верушевски, поранешен директор на УБК
По помиштувањето на помилувањата Претседателот натаму остана на позициите дека донел правилна одлука. Иванов не соопшти кои биле критериумите за аболиција на овие 22 лица.
– Денес донесов одлука за поништување на одлуките за помилување за сите политички експонинирани лица или вкупно 22. Сите други имаат можност да поднесат лични барања за поништување на одлуките – рече Иванов на денешното обраќање.
Тој, пред да ја соопшти одлуката, рече дека неговата одлука од 12 април, многумина не ја разбрале или не сакале да ја разберат и дека, според него, таа била единствениот начин за излез до длабоката политичка криза.
– Бев обивнуван дека сум сакал да ги заштитам политичарите. Најсовесно изјавувам дека не сум имал таква намера. Ниту еден политичар не е над законот и не е недопирлив. Одлуката за помилување беше најдобрата можност за излегување од политичката криз. Без помирување ова криза ќе трае уште долго, што не е во интерес на граѓаните и на државата – рече Иванов.
Сега останува на останатите помилувани кои сакаат да им се поништи помилувањето можат да побарат лично тоа да го стори Иванов. А тоа се лицата:
Вработен во обезбедувањето на Груевски, Дејан Митровски – Урко;
Сопругата на Верушевски, Соња;
Началникот на петтата управа на МВР, Горан Грујоски;
Бизнисменот и директор на „Дајнерс“, Божидар Јанковски (Бобо – Дајнерс);
Специјалните јавни обвинители Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и Гаврил Бубески;
Директори на компании што се јавуваат како сопственици на неколку медиуми блиски до власта, Христијан Панев, Коста Крпач(сега покоен), Владислав Стајковиќ;
Државјанинот на Израел споменат во „бомбите“ за провизии при купување опрема од еврејската држава, Хаик Хакијни;
Директорот во Телеком, Жарко Луковски;
Главен директор за техника и ИТ на Телеком, Мирослав Јовановиќ;
Судијка во Вишиот управен суд што се споменува во една од „бомбите“, Светлана Костова;
Директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски;
Вработен во полициската станица „Бе-Ко“, Мунир Пепиќ (во „бомбите“ споменат како „Пепиќ – оној што ни ги прави личните карти“)
Претседател на изборна комисија Центар, осомничен во „Титаник“, Коста Митровски;
Трајко Трпевски – генерален директор на градежната компанија „Бетон“
Ивица Анчевски-Пуки – поранешен раководител на полициската единица „Алфи“
Горанчо Тодев
Метуш Шабани
Новица Станковски
Ристо Новачевски – формално директор на „Сирах инженеринг“, кум на Груевски од првиот брак
Тодор Мирчевски – директор на офшор-фирмата „Ексико“
Киро Тодоровски
Надица Велевска – вработена во МВР
Звонко Костовски – вработен во МВР
Коста Митровски –
Тони Јакимовски – национален координатор за борба против тероризмот и поранешен директор на „Идризово“
Никола Бошкоски
Валентина Симоновска – архиварка во МВР
Ѓорѓи Лазаревски – поранешен вработен во УБК
Анета Станчевска – шеф на одделот за внатрешна контрола во МВР
Член на Општинската изборна комисија во Чаир, осомничен во акцијата Титаник, Исмет Гури;