Возачот на Мекларен, Даниел Рикардо ја освои трката за Големата награда на Италија, и со тоа на британскиот тим му ја донесе првата победа од 2012 година. Ова е осма победа за Австралиецот во кариерата како Формула 1 возач, а на второто место заврши неговиот клупски колега Ландо Норис.
Третото место му припадна на на Валтерио Ботас (Мерцедес), четвртото на Шарл Леклер (Ферари), а на петто на крајот заврши Перез.
Бодови освоија и Карлос Саинк (Ферари), Ленс Строл (Астон Мартин), Фернандо Алонсо (Алпин), Џорџ Расел (Вилијамс) и Естебан Окон (Алпин).
При излегување на патеката во 26 -от круг, Хамилтон и Верстапен дојдоа во контакт, а болидот на Верстапен потоа отскокна од работ на тротоарот и се искачи на Хамилтон, што значеше крај на трката за првиот и вториот во генералниот пласман.
На патеката излезе безбедносното возило, кое ја напушти патеката во Монца во 31. круг.
По рестартот, Норис го зазеде второто место од Леклер, а наскоро Леклер беше надминат и од Перез и Ботас.
Верстапен ја задржа предноста во генералниот пласман (226,5), во однос на Хамилтон (221,5 поени).
Следната трка во шампионатот ќе се вози на 26 септември за Големата награда на Русија.