ФА е решена да го задржи Саутгејт за Светското во 2026 година, без оглед на исходот во недела

од Vladimir Zorba
21 прегледи

ФА ќе започне офанзива за селекторот на Англија, Герет Саутгејт, која ќе има за цел да го убеди менторот да остане на чело на тимот за претстојното Светско првенство во 2026 година, информира Тајмс.

Англиските фудбалски челници сакаат да го задржат тренерот на „Трите лава“ барем уште еден турнир по неговата импресивна серија резултати, стигнувајќи до две последователни финалиња на Европското првенство и полуфинале на Светското првенство во 2018 година. Шефот на ФА, Марк Булингем ќе разговара со Саутгејт по завршувањето на Евро 2024 и е решен да направи се што е можно за да го задржи на чело на Англија.

Селекторот моментално е под договор до крајот на оваа година. Тој беше на чело на „Трите лава“ од 28 септември 2016 година, кога првично беше поставен на чело на привремена основа по отпуштањето на Сем Алардајс по само еден натпревар како тренер на тимот. Досега на 101 меч ги предводеше светските шампиони.

Саутгејт беше жестоко критикуван за настапот на неговиот тим од почетокот на Евро 2024 година, но на крајот успеа да го одведе тимот до второ последователно финале на Европското првенство, откако загуби на пенали од Италија во Лондон пред три години.

Слични содржини