Фудбалската асоцијација на Англија покрена истрага за инцидентите на вчерашното дерби меѓу Лидс и Манчестер Јунајтед. Една од главните причини за тоа се предметите фрлени на теренот од домашната публика. Еден од нив го удри по глава Ентони Еланга, кој падна на земја.
Медицинскиот персонал на „црвените ѓаволи“ ја провери состојбата на тинејџерот и рече дека може да го продолжи натпреварот. На крајот Еланга дури погоди во 88. минута и го оформи конечниот резултат. ФА веќе соопшти дека започнува сопствена истрага.
„Колку што знам, постои истрага од самиот клуб од Лидс. Мислам дека никој не знае што се случи на крајот. Ентони Еланга изгледаше добро и со задоволство постигна гол. Јасно е дека такви работи не треба да се случуваат. Сепак, атмосферата беше одлична“, изјави по натпреварот менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник.