247
Напаѓачот на Манчестер Сити, Кун Агуеро зaсега не доби казна од ФА по скандалозното однесување за време на натпреварот со Виган.
Како што е познато, „латикси“ победија сензационално против „граѓаните“ и ги исфрлија од ФА Купот.
Тој потоа удри навивач на противничкиот тим и стана сензација во сите социјални мрежи.
Од дисциплинската комисија на ФА ќе почекаат за извештаи од страна на судијата Ентони Тејлор и освен тоа ќе погледнат дополнителни снимки на ситуацијата со Аргентинецот.
Покрај тоа, менаџерите на двата тима, Пол Кук и Пеп Гвардиола, исто така, ќе бидат испитани за несоодветно однесување.
Се очекува дека во наредните денови ќе има разрешница за скандалозните ситуации.