Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) нема да преземе мерки против Кристал Палас и нејзиниот капитен Марк Гехи, откако тој повторно имаше религиозна порака на капитенската лента.
ФА само го потсети англискиот репрезентативец на правилата во врска со религиозните пораки, бидејќи Гехи ја носеше капитенска лента со виножитото со зборовите „Го сакам Исус“ на саботниот натпревар од Премиер лигата против Њукасл, објави денеска Би-би-си.
Фудбалерот ја игнорирал опомената и на синоќешниот натпревар против Ипсвич ја носел лентата „Исус те сака“.
Капитенските ленти во боја на виножито играчите ги носеа како дел од иницијативата за вклучување ЛГБТК+ во Премиер лигата во соработка со добротворната организација Стоунвел. Капетаните беа охрабрени да ги носат лентите, но не беа обврзани да го сторат тоа, објави Би-Би-Си.
Правилата на ФА забрануваат прикажување на каква било религиозна порака или предмет на облека, фудбалски копачки или друга опрема.
Капитенот на Ипсвич, Сем Морси не ја носеше капитенската лента со виножитото на саботниот натпревар против Нотингем Форест, ниту на синоќешниот натпревар против Кристал Палас.
Неговиот клуб соопшти дека тој ја донел одлуката поради „верски убедувања“.