ФА поднесе обвинение против Астон Вила и Кристал Палас

од Vladimir Zorba
319 прегледи

Фудбалската асоцијација на Англија официјално поднесе обвинение против Астон Вила и Кристал Палас за однесувањето и реакциите на играчите против судијата Мајкл Салисбери на натпреварот помеѓу двата тима во саботата.

Лондончани избувнаа затоа што главниот судија даде знак за прекршок против Заха, иако можеше да даде предност и од ова да се развие напад со кој Палас потенцијално можеше да го израмни резултатот.

Набргу потоа фудбалерите на Астон Вила бурно реагираа по прекршокот на Лука Миливојевиќ врз Оли Вакинс.

Двата инцидента се случија во периодот од 50. до 55. минута од натпреварот на „Селхерст Парк“, кој Астон Вила го доби со 2:1.

Кристал Палас и Астон Вила мора да одговорат на обвиненијата до следниот понеделник.

Слични содржини