ФА се извини за шегата на сметка на Хари Кејн

од Vladimir Zorba

Фудбалската асоцијација на Англија ги поднесе своите извинувања на Манчестер Јунајтед и Тотенхем заради шега на адреса на Хари Кејн.

Во Твитер профилот на организацијата се појави пост, на кој дефанзивецот на Јунајтед Крис Смолинг е прашан „Што има во твојот џеб?“, на што следи одговор „Хари Кејн“.

Манчестер Јунајтед го победи со 2:1 Тотенхем и се пласира во финалето на турнирот, но двата тима сметаа дека твитот на официјалната страница на асоцијацијата е неумесен.

Во финалето за Купот на Англија Манчестер Јунајтед ќе игра со Челзи. Дуелот е на 19-ти мај.

Слични содржини