ФА зборувале со Гвардиола и Анчелоти пред да го назначат Тухел за селектор на Англија

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Раководството на англиската фудбалска асоцијација (ФА) стапило во контакт со Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти за менаџерското место во „Трите лава“, изјави денеска Гери Линекер. Поранешниот англиски репрезентативец го коментираше назначувањето на Германецот Томас Тухел за селектор на тимот од Островот.

„Фудбалската асоцијација очигледно го контактираше Гвардиола летото. Исто така, дознав дека разговарале и со Анчелоти. Тухел сигурно го гледал тимот на Англија и мислел дека имаат толку многу талентирани играчи. Тоа е неверојатна можност да се освои најголемиот трофеј сите“, рече Линекер на подкастот „The Rest is Football.“.

Засега Гвардиола ќе продолжи како менаџер на Манчестер Сити, додека Анчелоти е на чело на Реал Мадрид.

Репрезентацијата на Англија привремено ја предводи Ли Карсли по разделбата со Герет Саутгејт по завршувањето на Евро 2024 година.

Слични содржини