Фабиус: Мигрантската криза во Македонија бара итна реакција

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Мигрантската криза во Македонија треба да се реши без натамошно одложување, изјави министерот за надворешни работи на Франција Лорен Фабиус.fabius-lorenn

Шефот на француската дипломатија вчера по средбата во Прага со неговиот чешки колега Лубомир Заоралек рече дека министрите за внатрешни и за надворешни работи на државите членки на ЕУ ќе разговараат за проблемот со мигрантите кои во се поголем број пристигнуваат во Македонија. Мигрантската криза, како што нагласи Фабиус, не е проблем само на Македонија.

Само во последните два месеца од Грција во Македонија влегле околу 45.000 мигранти, повеќето од Сирија, Авганистан, Ирак и Пакистан. Поради напливот на мигранти од Грција македонските власти вчера прогласија кризна состојба на јужната и на северната граница.

Официјалните бројки на пограничната агенција на ЕУ, Фронтекс, покажуваат дека во јули во земјите од ЕУ влегле 107.500 мигранти. Нивни најпосакувани одредници се Австрија, Германија, Велика Британија и Шведска.