„ФАЦ“: Македонските граѓани се навикнати на фактот дека корупцијата е постојано зло во нивната земја

од Nikola Popovski
321 прегледи

Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ објави текст за Северна Македонија под наслов „Корупција во името на ЕУ“. Во текстот има обвинувања против Владата, за која велат дека се претставува како проевропска.

-Луѓето во Северна Македонија се навикнати на фактот дека корупцијата е постојано зло во нивната земја. Но, она што скопскиот неделник „Фокус“ ​​го откри во две опсежни извештаи во август беше скандалозно дури и за популарни стандарди. Според откритијата, кои сега ги истражува судството, од најважната Клиника за онкологија во земјата очигледно систематски биле украдени скапи лекови за рак и се продавале на црниот пазар, пишува „ФАЦ“ во воведот.

ФАЦ ги наведува и измените во Кривичниот закон од септември годинава, со кои беа укинати или намалени казните за злоупотреба на службената должност.

Германскиот весник го цитира и поранешниот министер и основач на „Солуција“, Никола Димитров.

-Мене ми е фрапантно што имаат полна уста со Европската Унија, а првиот и основен столб на европската интеграција е расчистување со корупцијата. Груевски мавташе со македонско знаме да ја прикрие корупцијата, оваа власт мавта со европско знаме за да го прави истото, рекол Димитров.

Слични содржини