Facebook ќе го претстави својот уред за видеочат

од Vlatko K
101 прегледи

Според информации на сајтот Cheddar, оваа недела Facebook конечно ќе го претстави својот уред за видеочат што очекуваме да се појави на пазарот со трговското име Portal. Изворите на весникот наведуваат дека уредот ќе се нуди во две големини на екранот и ќе работи како Amazon Echo Show. Поголемиот уред може да биде со цена од околу 400 долари, а помалиот ќе чини околу 300 долари.

Социјалната мрежа планираше да го претстави Portal уште на својата конференција за програмери F8 во мај, но скандалите околу нејзината работа во однос на злоупотребата на лични податоци на Cambridge Analytica и интервенцијата на Русија во изборите во САД во 2016 година ја принуди компанијата да ја одложи премиерата. Portal ќе користи вештачка интелигенција за да препознае лицата во кадрите и ги следи додека тие се движат низ просторијата.

Неодамна компанијата додала и покривка за широкоаголната камера, за да може таа да се затвори кога уредот не се користи – тоа е направено во одговор на намалената доверба кон Facebook. Уредот ќе вклучува интеграција со гласовниот асистент Amazon Alexa и ќе обезбеди пристап до музика, видео, вести, рецепти и други информации. Ова ќе биде првиот обид на Facebook да продава сопствен хардвер, ако се исклучат очилата за виртуелната реалност Oculus.