„Facebook Memories“ ќе ни овозможи да разбереме колку информации знае мрежата за нас

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Фејсбук објави дека отвора нова секција наречена „спомени“ („Memories“), во која ќе ги гледате старите активности во социјалната мрежа. Ова е многу слично со веќе постоечката „На овој ден“ („On this day“). Различното кај спомените ќе бидат новите секции, вклучувајќи ја и онаа во која ви излегуваат луѓето, со кои сте се спријателиле на тој датум.

Исто така, ќе има „резимеа“ на месецот, како и на целата сезона, како и спомените што не сте ги виделе во текот на минатата недела. Опцијата не е којзнае што, но компанијата се надева дека ќе донесе повеќе позитивни емоции кај луѓето.

Откако беше пуштена „На овој ден“, Фејсбук се обидува да ја направи секцијата совршена. Односно, корисниците да можат да видат само пријатни спомени. Но, како функционира тоа? Корисниците можат да блокираат некои луѓе, датуми и „приказни“. На овој начин тие никогаш нема да се појават во нивните „спомени“.

А ако не ги извршите овие активности, Фејсбук има и автоматски систем за блокирање на некои спомени. Тој се базира на некои клучни зборови и на начинот на кој луѓето реагираат на самиот статус или фотографија. Односно пример ако на даден спомен има многу „тажни“ реакции, Фејсбук автоматски го исфрла од делот „Спомени“.

Сигурно овој алгоритам нема да работи целосно совршено, но пак за компанијата е важно да пушти нешто, што ќе ги натера луѓето да се насмевнуваат малку повеќе и по можност барем малку да го одвлече вниманието од скандалите околу компанијата.вз