Англискиот регулатор може да предизвика големи промени во начинот на кој младите корисници
го користат Facebook. Канцеларијата на Комесарот за информации, препорача Facebook да го
отстрани копчето „Like“ за помали од 18 години.

Други предлози вклучуваат стандардно исклучување на следењето на местоположбата за
помладите корисници, посилен систем за проверка на возраста, граница на податоци за деца и
известување за адолесцентите, ако нивните родители ја следат нивната онлајн активност.
Според регулаторот, овие предлози се подготвени во консултација со програмери, научници и
невладини организации, како и интервјуа со 280 деца. Упатствата се засноваат на правилата за
приватност на податоците во ЕУ во „GDPR“. Како резултат на тоа, оние што ги прекршуваат новите
стандарди се предмет на исти казни, вклучувајќи и парична казна од 20 милиони евра или 4
проценти од годишниот приход на компанијата.
Сé уште не е јасно како регулаторот има намера овие барања да ги стави во пракса. Консултациите
околу нацрт-верзијата ќе продолжат до крајот на мај, а завршната верзија на кодексот ќе треба да
влезе во сила во 2020 година.
Ова не е првпат политиката на социјалните медиуми да биде нападната од Велика Британија.
Минатогодишната истрага на „Би-Би-Си“ откри дека Facebook намерно создал карактеристики, кои
ја зголемиле зависноста од потрошувачите.

Дополнително, по стапувањето во сила на GDPR, Snapchat повеќе не ја чува историјата на
местоположбата на корисници под 16-годишна возраст.