Facebook се откажа од шпионска апликација

од Vlatko K
85 прегледи

Facebook ја отстрани мобилната апликација Onavo VPN од онлајн продавницата на Google Play. Таа
беше користена од самата социјална мрежа да собира податоци за потрошувачите за надоместок.

Платеното собирање на податоци од социјалната мрежа ќе продолжи, но Facebook ќе стори сé за
корисниците јасно да ги разберат импликациите од нивното учество во таквите програми, рече
TechCrunch.


Претходно оваа година, се дозна за проектот „Atlas“, каде што Facebook им плаќа на корисниците 20
долари месечно плус премии за да ја инсталира апликацијата Facebook Research VPN за iOS и
Android.

Апликацијата има пристап до телефонски повици, SMS, податоци за прелистувачот и други лични
информации. Се покажа дека проектот бил лансиран во 2016 година и собраните податоци се
користени за анализирање на навиките на потрошувачите и преференциите.

Во август. Apple го отстрани Facebook Onavo Protect од својата продавница, која врши слични
задачи. Facebook Research дури го користи кодот на Onavo.

„Истражувањето на пазарот им помага на компаниите да создадат подобри производи за луѓето.
Ние се фокусираме на платено истражување на пазарот, што значи дека ќе завршиме со
програмата Onavo“, соопштија од прес-центарот на Facebook.