Facebook се соочува со обвиненија и поради технологијата за препознавање на лица

од desk2
81 прегледи

Facebook се соочува со обвиненија на судот во Калифорнија поради технологијата за препознавање на лица. Во обвинението стои дека Facebook собирал биометриски информации без согласност од страна на корисниците.

Ова ја вклучува опцијата за предлог за „Tags“ (Означување пријател на фотографијата), која автоматски го воочува лицето на пријателот кој се наоѓа на фотографијата, што претставува кршење на законите во сојузната американска држава Илиноис.

Од Facebook соопштија дека енергично ќе се борат, бидејќи според нив нема никаква основа за тужба.

Тужбата е поднесена од страна на група на луѓе и сите тие бараат компензација.

Опцијата која нуди предлог за означување на личност на фотографијата е во функција уште од јуни 2011 година, а се базира на објавените податоци околу лицето на корисникот.

„Ако никогаш не сте биле означени на фотографија или сте ја отстраниле ознаката од сите фотографии, тогаш Facebook ја нема таа информација за вас“, соопштија од оваа компанија.

Опцијата предлог за означување не е дозволена во сите земји, а меѓу нив е и Велика Британија.