Facebook веќе тестира реклами со проширена реалност во својот News Feed, објави компанијата на настан во Њујорк. Новата функција која е ограничена до корисниците во САД при нејзиното лансирање, ќе ви овозможи виртуелно да пробате различни елементи, вклучувајќи модни додатоци, козметика, мебел и др.

Целта тука, се разбира, е да ви помогнеме да визуелизирате како изгледа производот на вас или во вашето физичко опкружување пред да го купите.
„Michael Kors“ е првиот бренд кој има AR реклами во News Feed, каде што ќе им овозможи на луѓето да гледаат различни очила, да ја користат камерата, за да ги „пробуваат“ и потоа да купат пар, ако им се допаднат – и сето тоа во рамките на реклама.
Таи Ахмад-Тејлор, потпретседател на Facebook за производен маркетинг, вели дека идејата со AR рекламите е да има нови начини да ги поврзете купувачите, како со промоцијата на производи, така и со нивното купување веднаш.
„Луѓето очекуваат персонализирано и визуелно инспиративно искуство секаде каде купуваат, без разлика дали се на телефон или во продавница“, рече тој, истакнувајќи дека тоа не само што ќе ги натера корисниците да купуваат порелевантно, но и ќе помогне на бизнисите да ги продаваат своите производи.
Самите AR реклами изгледаат како сите традиционални статични реклами, но тие стануваат живи кога клиентите кликнуваат или ја одбираат опцијата „Tap to try it on“.
Рекламите на AR се најновиот пример за тоа како Facebook навлегува во проширената реалност. На конференцијата на развивачите на F8 во мај минатата година компанијата создаде заедно со Nike експеримент во AR, кој им овозможи на фановите да купат пар чевли од лимитирана верзија преку апликацијата Messenger.
Иако „Michael Kors“ е единствениот бренд која тестира AR реклами во моментов, Facebook вели дека повеќе ќе се вклучат во експериментот во блиска иднина, па би требало да очекувате да видите многу повеќе од овие реклами во својот „фид“ наскоро.