Facebook влегува на теренот на Tinder

од Vladimir Zorba

Најголемата социјална мрежа во светот има нова апликација со која планира да се натпреварува со Tinder и другите мрежни услуги за поврзување и барање партнери.

Facebook Dating штотуку стана достапна во Европа, иако претходно беше планирано да биде лансирана во февруари за Денот на вљубените. Сепак, премиерата беше одложена за апликацијата да се усогласи со Општата регулатива на ЕУ за заштита на податоците

Според она што го нуди, апликацијата не се разликува од нејзината американска верзија и го користи постојниот Facebook профил на корисници за да најде луѓе со слични интереси и преференции.

Апликацијата исто така ја следи вашата активност на Фејсбук и, ако тоа го дозволите, групите во кои сте член, страниците што ги следите и настаните што ве интересираат, пишува The Verge.

Засега, Facebook Dating ќе биде достапно само како посебна опција во мобилната апликација Facebook. Сепак, таа е во најголема можнамерка интегрирана со другите производи и услуги што ги нуди социјалната мрежа.

Ова значи, на пример, дека Facebook Dating може да ги „повлече“ вашите Facebook Stories или фотографии од Instagram или да остварува видео повици преку Messenger. Тука е и опцијата „Secret Crush“, која од Фејсбук може да ги пребарува и корисниците на Instagram во потрага по потенцијален пар.

И бидејќи ова е една од најважните работи денес кога станува збор за користење апликации и користење на Интернет воопшто, Facebook Dating има неколку опции кои обезбедуваат заштита на приватноста на корисникот, како што се поставките за споделување на податоци.

Новата апликација е достапна во повеќе од 50 европски земји.

Слични содржини