Facebook засилено експериментира со роботи

од Vlatko K
131 прегледи

Иако Facebook користи софтверски роботи во многу од своите активности, малкумина ја
поврзуваат социјалната мрежа со физички роботи. Сепак, излегува дека истражувачкиот оддел на
компанијата спроведува разни експерименти во областа на роботиката, обидувајќи се да
напредува во вештачката интелигенција.

Технолошките џинови честопати прибегнуваат кон таква стратегија, забележува The Verge. Многу
компании, вклучувајќи ги и Google, Nvidia и Amazon, користат роботи за истражувачката дејност, за
да создадат технологии за вештачка интелигенција. Во процесот на истражување, специјалистите
создаваат посебна околина која го забрзува процесот на обука на роботските механизми.

Истражувањето на Facebook е доста големо и може да се подели во неколку фази. Во првата,
истражувачи го принудуваат роботот со шест нозе да учи самостојно преку експерименти и грешки.
Како резултат на тоа, робот добива способност да комуницира со контролорите, кои му
дозволуваат да се движи.

Истражувачите потоа го активираат факторот „љубопитност“ за да му помогнат на роботот да учи
побрзо.

На крајот, тие се обидуваат да развијат чувство за допир во машината, дозволувајќи му на робот
сам да тркала топка.