Пред неколку години во еден печатен медиум кој за жал сега веќе не постои имав објавено колумна со наслов “Осмели се“ каде пишував за потребата да младите се осмелат и пробаат да оснуваат или стартуваат сопствен бизнис, а не да чекаат да се вработат во некоја државна институција. Тогаш мислев дека само државата е крива што не стимулира основање на бизнис, и дека таа е накголемиот виновник за тоа. Изминатив период сум асистент на факултет по предметот Креативност и иновативност во Љублана и имам допир со словенечките, но и со студенти од повеќе земји. На едно од предавањата зборувавме за основање на бизнис и методологија како да с еизработи бизнис план. До тука се е вп ред. Но она што ме фрапира и што ме потстети на таа моја колумна е фактот што и тука на неуспехот се гледа како на нешто многу лошо, дека ако не успееш нешто од прва, посебно во бизнис, тогаш не си вреден, тогаш си несопосбен и сл. Во нашата култура, а посебно во нашиот образовен систем не учат да бидеме добри, да ги слушаме наставниците, да не истражуваме, не галамиме и сл. Од најмали нозе не воспитуваат да се плашиме од грешки, да не ризикуваме премногу и, пред сѐ, да гледаме на неуспехот како крајна дестинација, а не како почетна точка за нешто ново. Оваа наша култура, FAILURE IS NOT AN OPTION е врежана толку длабоко во нашето општество, посебно во образованието и како резултат на таа култура, директно се убива иновативноста и претприемачкиот дух кај младите кој се е императив во модерниот свет.
Како опозит на таа наша култура је земам културата во балтичките земји. Таму поминав 3 месеци на судиско истражување и се она што го видов тука е опозит на нашата култура. Зошто? Тука неуспехот се смета за опција, дел од процесот на учење, нешто што не се крие, туку се споделува јавно и се анализира. Неуспехот е алатка, а не казна и како резултат на тоа, денес Естонија и Литванија се пример за иновативност, стартап култура и економски напредок. Стартап заедницата расте со темпо кое е речиси незамисливо за македонските услови – секоја година во Балтикот се основаат голем број нови стартапи, додека кај нас оваа бројка се движи во рамките на статистичка грешка. Денес вредноста на стартап еко системот во Литванија вреди 16,3 милијарди евра, Естонскиот стартап ситем вреди 15,2 милијарди евра, додека стартап системот во Македонија вреди 23 милиони евра. Еве уште еден фрапантен податок, во Естонија има вкупно 3.240 стартап компании, во Литваниоја има 1829 стартап компании, додека во Македија има 218 старап компании (заклучно со декември 2024, според dealroom.co). Во Македонија нема Venture Capital funds, додека во Литванија има 35 VC funds, a во Естонија 37.
Зошто Балтичките држави можат, а Македонија не може? Зошто овие држави, кои се слични по територија, население и други показатели успеаја, а ние не, кога во 1991 година стартувавме исто, да не кажам тие беа во полоша позиција!?
Одговорот лежи во нашата култура и вредносниот систем. Во балтичките земји, транспарентноста е нормална и нешто што се подразбира во бизнисот. Не само во однос на финансиските податоци, туку и во споделување на искуства, знаење, менторство, па и на сопствените неуспеси. Во Македонија, пак, владее атмосфера на страв од неуспехот. Младите не се мотивираат да ризикуваат бидејќи знаат дека дури и минимален неуспех значи стигма, борба со коментари и погледи „ете не те бива„. Не се стимулира ниту критичко размислување, ниту континуирано учење. Најчесто, дури и кога ќе се појави некоја нова идеја, истата брзо се задушува со реченици од типот: „Не можно“, „зошто ќе ризкишваш, ќе изгубиш пари“, „Седи си на сигурно“ „да бе ти си најпаметниот/та“.
Резултат – миграција на најиновативните и најхрабрите, одлив на мозоци и економска зависност. Иновациите бараат храброст, а храброста бара култура која не се плаши од ризик и неуспех Балтичките тигри ни покажуваат дека неуспехот мора да се доживува како составен дел од патот до успехот.
П.с. И да не заборавам, успехот на Литванија и Естонија се должи заради 0% на корупција.
П.п.с. За потребите на мојата докторска со задоволство прифатија интервју директорот на Стартап Литванија и Стартап Естонија, како и заменик директорот на стартап Латвија. Во Македонија еден поранешен економски министер ми рече „имам за тебе 10 минути, неам време ја на секој да му објаснувам“.
Синиша Пекевски – асистент на факултетот ФУДШ во Љубљана, Словенија
Ставовите искажани во рубриката „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „Локално“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.