Рускиот претседател Владимир Путин не бара излез од војната во Украина, туку се подготвува за уште поголема, објави денеска „Фајненшл тајмс“.
Во својата опсежна анализа на актуелната ситуација во Кремљ, весникот вели дека е разбирливо што многумина во Украина и на Западот сакаат да веруваат дека рускиот претседател е втеран во ќош, бидејќи украинската војска постепено ги зазема териториите окупирани од Русите и се покажаа способни да удрат длабоко во непријателската територија, дури и до самиот Кремљ.
Во Москва, пак, се вели дека веруваат дека можат да си дозволат долготрајна војна, пред се поради фактот што руската економија расте и покрај санкциите, а благодарение на воените фабрики кои работат без престан, неочекуван профит од енергетските извори минатата година и приспособливоста на извозниците на стоки.