“Фајненшл тајмс”: Во тек се тајни преговори меѓу Путин, Ердоган и сириските бунтовници за Алепо

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Целта е да бидат прекинати борбите во сирискиот град, а САД може да остане надвор од играта во еден од најважните конфликти на Блискиот Исток

20151220-cryldjgasj
Сириски бунтовнички водачи се во тајни преговори со Русија за прекин на борбите во сирискиот град Алепо. Ова го објавија опозициски фигури, но ситуацијата се развивата така штоСАД може да остане надвор од играта во еден од најважните конфликти на Блискиот Исток, пишува “Фајненшл тајмс”.

Четворица членови на опозицијата од контролираните од бунтовниците територии во Северна Сирија изјавиле за весникот дека со посредство на Турција се водат преговори во Анкара со Москва, чија воена интервенција во минатата година на земјата на претседателот Башар ал Асад му помогна за враќање на 5-годишната граѓанска војна во корист на режимот.

Преговорите, според нив, се фокусирале на преговорите за договор за прекин на конфликтот во Алепо, вториот по големина сириски град.

“Русите и Турците разговараат без САД во моментов. Вашингтон е целосно исклучен од овие преговори и дури не знае што се случува во Анкара”, истакнал претставник на опозицијата, кој сакаше да остане анонимен поради чувствителноста на преговорите.

Ова се случува откако Кремљ потврди дека рускиот претседател Владимир Путин разговарал со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган. Претходно денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретна со турскиот колега Мевлут Чавушоглу во медитеранскиот град Аланија, каде тој изјави дека Русија сакала да работи со сите земји во Сирија.

Иако тајните разговори не се прв пат во кој претставниците на бунтовниците се среќаваат со Русите, луѓето запознаени со преговорите, истакнале дека за првпат ваков голем број опозициски групи учествуваат.

Преговорите изгледа постигнале мал напредок, но фактот дека се случуваат без учество на САД, ја нагласува променливата политичка динамика во Блискиот Исток, пишува “Фајненшл тајмс”.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп неколку пати даде знак дека има желба да ги поддржи напорите на рускиот колега Владимир Путин да го зајакне режимот на Асад, тврдејќи дека Кремљ се обидува да ги скрши исламските екстремисти. Администрацијата во заминување на Барак Обама обезбеди вооружување и обука на бунтовниците и повика Асад да ја напушти власта.

Главните актери сега ја изгледа бараат начин да го заобиколат Вашингтон и да се обидат да се договорат со Русија, која се стреми да се претстави како повидлива сила која може да помогне во договарањето на слични трансакции.