471
Во седмата сезона на регионалната СЕХА Газпром лига завршниот турнир. на кој ќе се реши првакот. ќе се игра во Скопје, во салата во СЦ „Јане Сандански”.
Раководството на СЕХА лигата реши РК Вардар да биде коорганизатор на овој турнир што треба да се одржи во периодот од 13 до 15 април.
Дополнително ќе бидат одредени полуфиналните двојки. Познато е дека Вардар влегува како првопласиран и ќе го чека четвртопласираниот тим.
Другите три екипи што ќе играат на Ф4 турнирот се ППД Загреб, Мешков и Целје. По последните две кола ќе биде познат и конечниот редослед на табелата.