Шефицата на словенечката дипломатија, Тања Фајон искрено верува дека Македонија може да влезе во ЕУ до 2030 година, преку цврсти реформи и макотрпна работа.
– Јас ќе гарантирам, исто така и Словенија, дека билатералните прашања нема да бидат дел од пристапните преговори. Посакувам во Северна Македонија и опозицијата и власта и општеството да осознаат дека патот во ЕУ е единствен пат што ќе гарантира солидарност, цврсти вредности и благосостојба на луѓето, рече Фајон во „Тема на денот“.
Словенечката министерка нагласи дека може да гарантира цврста поддршка од Словенија, со нејзините искуства и како пријателска држава дека ќе помогне да нема билатерални прашања, да не дојде до губење на идентитетот, јазикот.
-Северна Македонија оваа седмица го потпишува Договорот со Фронтекс каде многу јасно ќе стои македонски јазик. Значи стравот дека земјата го губи идентитетот е неоснован, истакна Фајон.