276
Многу сум разочарана од однесувањето на Бугарија, нивниот егоизам или себичност е екстремно погрешен и неодговорен. Се надевам дека ќе успееме да ја убедиме Бугарија што е влогот и да најдеме компромис и договор, затоа што не можеме заради национален интерес или заради добивање политички поени во национално опкружување да загрозуваме иднина на соседна земја, што се случува денеска, вели Тања Фајон европратеничка од Словенија и силен поборник за европерспективите на Западен Балкан.
Ја разбирам фрустрацијата на луѓето во Северна Македонија, па дури и во Албанија или во Косово, бидејќи се дадоа многу ветувања, но државите се уште го чекаат следниот чекор, вели Фајон.