Европратеничката Тања Фајон за Нова.рс изјави, по усвојувањето на Извештајот за напредокот на Србија во Европскиот парламент, дека земјаta има уште многу работа пред да влезе во Европската унија.
Фајон, којa е во тимот на европратеници кои ќе посредуваат во меѓупартискиот дијалог меѓу владата и опозицијата, рече дека нема место за организиран криминал и корупција во ЕУ заедницата. Особено, како што нагласи таа, на повисоко ниво.
„Србија има уште многу работа да направи на нејзиниот пат кон Европската унија, особено во борбата против корупцијата, судството и обезбедувањето почитување на слободата на изразување. Ова не е само мое гледиште или став на мојата политичка група, туку и на Европскиот парламент, кој го потврди тој став гласајќи за Извештајот за напредокот на Србија“, изјави Фајон за Нова.рс.