Две дози на вакцина Ковид-19 од Фајзер и АстраЗенека се скоро подеднакво ефикасни против многу заразната делта-варијанта, како и против алфа-варијантата врз која се темели, покажува студија објавена во New England Journal of Medicine.
Како што истакнаа научниците, една доза од вакцината не е доволна за да се заштити лицето од делта-варијантата, која во моментов е доминантна варијанта на коронавирусот во светот. Имено, една доза има ниво на заштита од само 36 проценти во случај на вакцина Фајзер, и 30 проценти во случај на АстраЗенека.
Но, две дози вакцина Фајзер во 88 проценти од случаите спречуваат развој на симптоми на болест по инфекција со делтата-варијанта. За споредба, во случај на инфекција со алфа-варијанта, степенот на заштита е 93 проценти.
Две дози на АстраЗенека имаат ефикасност од 67 проценти во случај на делта-варијанта и 74,5 проценти во случај на алфа варијанта.
„Нашите откритија за намалена ефикасност по првата доза треба да послужат како поттик за зајакнување на сите напори за целосно вакцинирање со две дози меѓу ранливите групи во контекст на циркулацијата на делта-варијантата“, истакнаа на крајот авторите на студијата.