Фајзер и Модерна ќе заработат 32 милијарди долари од продажба на вакцини во 2021 година

од Vladimir Zorba
256 прегледи

Аналитичарите на Волстрит предвидуваат дека Фајзер и Модерна ќе остварат приход од 32 милијарди долари од продажба на вакцини за коронавирус само во 2021 година.

Големиот профит не е туѓ за добро познатата американска мултинационална фармацевтска корпорација „Фајзер“, чија вредност е поголема од 200 милијарди долари, но зголемувањето на приходите многу добро и прилега на „Модерна“, млада биотехнолошка компанија за која малку луѓе слушнаа пред 2020 година.

Според Морган Стенли, една од најголемите финансиски институции во светот, Фајзер ќе заработи околу 19 милијарди долари од продажба на вакцини за корона, што е далеку над претходно проценетиот приход од 975 милиони долари.

Вреди да се потсетиме дека Фајзер ќе ги сподели своите приходи со BioNTech, германската компанија со која ги здружи силите за производство на вакцината. Потсетиме дека Соединетите држави наскоро би можеле да ја одобрат вакцината Фајзер, што Велика Британија го стори прво во светот.

Од друга страна, вакцината на Модерна за корона веќе ја зголеми вредноста на оваа компанија на 62 милијарди долари. Акциите на Модерна годинава се зголемија за дури 700 проценти.

Според „Голдман Сакс“, „Модерна“ ќе заработи 13,2 милијарди долари од вакцината против КОВИД 19. Сепак, Морган Стенли истакнува дека некои инвеститори очекуваат Модерна да заработи до 15 милијарди долари од продажба на вакцини во 2021 година, а годините што следат сигурно ќе донесат нова вртоглава заработка.

Слични содржини