Фајзер: Нашата вакцина обезбедува силна отпорност против Ковид-19 кај децата

од Nikola Popovski
215 прегледи

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ денеска објави дека нејзината вакцина пружила силна отпорност против Ковид-19 при истражување кај деца на возраст меѓу 12 и 15 години.

Двете дози на Фајзер биле 100 отсто ефективни против Ковид-19, врз основа на мерењата направени четири месеци по втората доза, соопшти компанијата, пренесува Ројтерс.

Фајзер планира по долгорочни податоци да поднесе барање за целосно одобрување на вакцината кај оваа возрасна група, во Соединетите Американски Држави и ширум светот.

Фајзер и Бионтек ќе бараат одобрение за доза од 30 микрограми, за деца од 12 години и постари.

Досега, вакцината беше одобрена од американската Администрација за храна и лекови, но само за итна употреба на возраст од 12 до 15 години, додека целосна дозвола беше дадена за лица на возраст од 16 и повеќе години.

Слични содржини