Фајзер: Третата доза на вакцината делува „силно“ против делта сојот

од Stefanija Kuzmanovska

Фармацевтската компанија „Фајзер“ објави дека третата доза вакцина против коронавирусот „силно“ го зајакнува имунитетот против делта сојот.

Американската фармацевтска компанија изјави дека третата доза на вакцината, која ја развила заедно со германската компанија BioNTech, произвела 11 пати повеќе антитела кај луѓе на возраст од 65 до 85 години, и пет пати повеќе кај луѓе на возраст од 18 до 55 години, пренесува „Анадолија“.

Неутрализација на делта сојот

Тој проценува стократна неутрализација на делта сојот по третата доза.

Минатата недела советничка група во Центрите за контрола и превенција на болести разгледа дали ќе биде потребна трета доза за лица со оштетен имунолошки систем.

Соединетите држави бележат зголемување на бројот на случаи на коронавирус во сите земји поради ширењето на многу позаразната делта варијанта, со потекло од Индија.

Слични содржини