„Фајзер“ веќе во проблеми? Ќе испорача 50 милиони дози, половина од ветеното

од Vladimir Zorba

„Фајзер“ ќе може да испорача само половина од дозата на вакцини за коронавирус во споредба со она што го вети до крајот на годината. Извори за „Волстрит журнал“ наведуваат дека бројот паднал од 100 на 50 милиони дози.

Компанијата мораше да повлече дел од својот план поради забавувањето на синџирот на снабдување.

– Зголемувањето на синџирот на снабдување со суровини траеше подолго отколку што се очекуваше. И важно е да се нагласи дека исходот од клиничкото испитување беше нешто подоцна од првичната проекција – изјави за „WSJ“ портпарол на компанијата.

Вакцината во средата доби привремено одобрение од британските регулатори, а се очекува да добие итна дозвола за употреба од американската Администрација за храна и лекови по состанокот на агенциите на 10 декември, пренесува „Дејли меил“.

Велика Британија нарача 40 милиони дози на вакцина, со очекување дека до крајот на годината ќе можат да се вакцинираат 10 милиони луѓе. Сега тој број веројатно ќе биде близу 5 милиони.

Слични содржини