208
Во САД е започната постапката за целосно одобрување на третата доза од вакцината против Ковид-19, т.н засилувачки (бустер) дози за постари од 16 години, беше објавено денеска од компанијата Фајзер/Бионтек.
Компаниите имаат намера да поднесат барање за одобрување до крајот на неделата, што потенцијално би можело да го отвори патот за целосно одобрување на трета, засилувачка доза, што може да се даде на лица со компромитиран имунолошки систем.
Американските здравствени службеници потврдија дека зголемени дози на вакцината Ковид-19 ќе бидат достапни низ САД од 20 септември.
Претходно оваа недела, американската администрација за храна и лекови одобри целосна употреба на вакцините Фајзер.