Фајзеровата вакцина значајно се зголемува ефиканоста кон сите соеви на вирусот

од Берта Китинска
422 прегледи

Само американската агенција има дадено препорака за трета доза на Фајзер вакцина и тоа кај пациенти кои се со трансплантирани органи и оние со хронична дијализа, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека според анализите, трета доза на Фајзер вакцина – бустер доза значајно ја зголемува нејзината ефикасност.

-Во овој момент се уште траат испитувања во однос на тоа каков ефект има трета доза на вакцина. Една од последни студии која излезе беше студијата во Израел, која што укажа на тоа дека значајно се зголемува ефикасноста после дадена трета доза од вакцините. Според нашите сознанија компанијата Фајзер е најдалеку отидена во овој дел, изјави Филипче во гостувањето во дневникот на Сител.

Со Фајзеровата вакцина значајно се зголемува ефиканоста кон сите соеви на вирусот, и кон алфа, бета и делта сојот на вирусот кога станува збор за аплицирање на трета, односно бустер доза.

– Европската се уште ја нема дадено таа препорака, така да уште сме во фаза кога ги очекуваме препораките, како од производителите, така и од големите клинички студии на големи серии на пациенти, додаде министерот Филипче.

Слични содржини