Фан ја демнел Нина Бадриќ пред станот во кој живее

од Vladimir Zorba

Хрватската sвезда Нина Бадриќ доживеала вистинска драма кога еден од нејзините обожаватели ја прогонувал пред станот во кој живее во Загреб, поради што мораше да се обрати до полицијата.

Како што дознава „Слободна Далмација“, музичарката решила да ја пријави бидејќи често ја малтретирал, сакајќи да има поблиска врска со неа.

Човекот не застанал тука, и отишол дотаму што се појавил во Јелса на островот Хвар, каде Нина купи имот пред неколку години. Не беше ни чудно да дојде пред нејзиниот стан во Загреб, со оглед дека демначот имал стан таму.

Бидејќи не сакала да има ништо со него, според споменатите медиуми, морала да контактира со полицијата.

Целиот случај најпрво завршил во Сплитското државно обвинителство во Сплит, но подоцна сè било пренесено во истото обвинителство во Загреб, бидејќи човекот има живеалиште таму.

Согласно член 98 од Законот за кривична постапка, судот и државниот обвинител му изрекоа мерки на претпазливост за забрана да и пријде на Нина Бадриќ, како и забрана за демнење и вознемирување.

Според „Јутарњи.хр“, ова не е првпат Нина Бадриќ да биде жртва на демнење.

Организаторите на свечениот божиќен концерт во Бјеловар во 2012 година, повикале полиција откако забележале обожавател кој ја следел повеќе од една година. Истото се случи и во Сплит, кога еден од фановите се обидел да влезе во местото на настанот и да помине низ обезбедувањето.

Наскоро се покажа дека тој е човек од Ужице, Србија. Каде и да се појавела, тој бил таму, од концерти до вечерни настани, дури и како последниот, стигнал до Хвар и ја прогонувал пејачката на плажа.

Слични содржини